Мебел


Веќе повеќе од две децении „Мебел Ацевски“ работи со проектирање, изработка и монтажа на мебел од плочест материјал. Секој производ е уникатен, вонсериски и по мерка и желба на клиентот. Имаме соработка со голем број македонски архитекти и дизајнери и заедно со нив можеме да се пофалиме со огромен број на успешно реализирани проекти во и надвор од Македонија.
Нашиот производствен погон во Бардовци располага со најмодерни машини за производство на мебел, со кои можеме да реализираме сечија замисла. Работиме со секаков тип на плочест материјал, меѓу кои и масивно дрво.