ДРУШТВО ЗА ПРОИЗВОДСТВО, ТРГОВИЈА И УСЛУГИ МЕБЕЛ АЦЕВСКИ АЦО ДООЕЛ СКОПЈЕ
„Мебел Ацевски“ е македонска фирма со визија да го подобри квалитетот на просториите за живеење, канцелариските и јавни простории. Секој производ е резултат на долг процес на проектирање, со цел да се одберат најдобрите материјали и начини на изработка, за клиентите да добијат финален продукт со врвен квалитет според светски стандарди. Фирмата „Мебел Ацевски“ започна со производство на 01.11.1997 година. Веќе повеќе од 20 години успешно изработува широк спектар на мебел и врати, истовремено креирајќи функционални и инспиративни ентериери. Клиентот е вклучен во секој дел од процесот на проектирање, изведба и монтажа, во соработка со нашиот стручен тим на вработени. Сместени сме на две локации во Скопје, но нашите производи се распространети на европско тло. Погоните се технички опремени со најмодерни машини за производство, управувани од искусни столари. Имаме петосна и триосна CNC машина, кројачици, кантерици (со можност за PUR кантирање), топли и ладни преси, BLUM машини, две наши фарбари и сушара за масивно дрво.